Дали може да прекинам со гледање на содржината и да продолжам подоцна?
Да, во секој момент можете да продолжите со гледање на содржината од моментот кога сте ја паузирале на кој било уред. Секако, ќе можете да одберете и дали сакате содржината да ја гледате од почеток. Напоменуваме дека гасењето на уредот или насилно прекинување на работата на апликацијата може да резултира со губење на таа информација.